Околу два часот по полноќ избувнал пожар во стан на вториот кат од зградата број 25 на улицата „Јанко Цветинов“ во Струмица. Повредени нема, но целосно е уништена една од собите на станот.

– Во гаснењето на пожарот, Територијалната противпожарна единица на Струмица учествуваше со четворица пожарникари и едно противпожарно возило и по еден час пожарот е изгаснат и не се прошири во другите соби и соседните станови, информираат од ТППЕ Струмица.

Причината за настанувањето на пожарот дополнително ќе се утврдува.

Покрај гаснењето на овој пожар, струмичките пожарникари во новогодишата ноќ интервенирале во гасење на запален балкон од стан во центарот на градот предизвикано од петарди и на запален контејнер.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/01/2020 23:49