Пилотот на Формула 1 тимот на Мерцедес, Валтери Ботас, истакна дека уживал во возењето на рели тркита и дека не исклучува можност кариерата да ја продолжи кариерата во овој мотоспорт.

– Премногу е рано да се зборува за кариера во рели, затоа што никогаш не знаете што ќе се случи утре. Сепак, оваа активност е по моја желба, и јас уживам многу кога возам во овој спорт. Затоа никогаш не кажувај никогаш, изјави Ботас.

Тој претходно победи на релито на Азурниот брег. Овој месец Ботас ќе настапи на „Рели на Арктикот“.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/01/2020 13:26