Осумнаесетгодишник од Кавадарци се здобил со убодна рана, за време на новогодишните празници, за МИА потврдуваат од МВР.
-Денеска во 05.45 часот во Полициска станица Кавадраци било пријавено дека во Општа болница Кавадарци бил донесен Ѓ.Ј.(18) од Кавадарци, со убодна рана. По првичните информации Ѓ.Ј., со повредата се здобил при прослава на Новогодишните празници во стан на ул. „Вељко Влаховиќ“ во Кавадарци, појаснуваат од МВР.
Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Кавадарци. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.