Ентони Џошуа и Дионтеј Вајлдер веќе подолго време водат војна. Од обете страни не престанаа да упатуваат закани, но последниот удар беше упатен од Британецот.

– Би излегол на рингот против него за да го нокаутирам.Тоа ќе биде борба меѓу шампиони. Нема да му дозволам да се чувствува пријатно во рингот против мене. Не се плашам од Дионтеј Вајлдер, иако знам дека е опасен, рече Џошуа за „Скај Спортс“.

Тој потврди дека ќе го гледа со голем интерес реваншот меѓу Вајлдер и Тајсон Фјури на 22-ри февруари.

Во исто време тој треба да се подготви за натпревар со Кубрат Пулев.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/01/2020 11:01