Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ смета дека постои ризик од одложување на Австралија опен поради големите пожари што беснеат на континентот. Создаден е чад кој може да го загрози здравјето на играчите.

– Ако дојде до точка дека нешто му се заканува на здравјето на играчите, ќе мора да размислиме за одложување на турнирот. Ова е најекстремната опција. Затоа што сум сигурен дека организаторите ќе сторат сé што е можно за да не се одложи турнирот, изјави Ѓоковиќ.

Грен слем турнирот во Мелбурн треба да се одржи од 20 јануари до 2 февруари.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/01/2020 22:04