Кичевецот У.З., вчера на улицата „Прилепска“ во Кичево, под дејство на алкохол го нарушил јавниот ред и мир со расправање, викање и непристојно и дрско однесување кон минувачите, по што оштетил и паркирано патничко возило „фиат пунто“.

Тој е приведен и против него, според одредбите на Законот за прекршоци против јавниот ред и мир, ќе биде поднесена соодветна пријава, информира портпаролот на СВР- Охрид Стефан Димоски.

Димоски додава дека, исто така, вчера во 21,00 часот, во угостителски објект во кичевското село Аранѓел, нарушен е јавниот ред и мир со физички напад извршен од Б.А.((34) врз У.К., двајцата од истото село. По целосно документирање на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/01/2020 22:11