Репрезентацијата на Канада го освои трофејот на хокеарскиот Мундијал за играчи до 20 години, откако синоќа во финалето ја совлада Русија со 4:3.

Мечот одигран во Острава, Чешка, беше решен во последната третина која Канаѓаните ја добија со 3:1 и негативата од 1:2 што ја имаа по 40 минути, ја претворија во победа.

За канадскиот национален младински тим ова беше 18 шампионски трофеј на Светските првенства.

Во дуелот за третото место, Шведска ја победи Финска со 3:2.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/01/2020 10:14