Се запaли плинска боца во куќа во Кавадарци, од Противпожарната единица велат за МИА дека за среќа, нема повредени, причинета е само материјална штета.

Александар Чадамов, командир на пожарникарите, апелираше за внимателност.

– Алармираме до граѓаните да бидат повнимателни, бидејќи оваа грејна сезона имаме веќе неколку интервенции при запалени плински боци, нагласи тој.

Чадамов рече дека сите кои користат плински боци, мора да ги проверат нивниот квалитет, сигурност, инсталацијата, но и да бидат внимателни кога ракуваат со нив.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/01/2020 14:00