Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен денеска ја предупреди Велика Британија дека нема да добие „најквалитетн пристап“ до пазарот на Европската унија по Брегзит, доколку претходно не направи големи отстапки.
Пред средбата со премиерот Борис Џонсон во Лондон таа кажа дека преговорите за новиот трговски договор меѓу Велика Британија и ЕУ беа тешки.
Таа додаде дека рокот што британскиот премиер Борис Џонсон го постави во преговорите, крајот на 2020 година, го прави „речиси невозможно“ постигнувањето нов сеопфатен и навремен договор. Британците треба да ја напуштат ЕУ на 31 јануари 2020 година, кога почнува „преодниот период“, предвиден за да се избегне драстичниот прекин на врските, во текот на кој Велика Британија и ЕУ треба преку преговори да го утврдат својот иден однос.
Џонсон кажа дека Велика Британија сака договор за слободна трговија, но не сака да се приддржува до правилата и стандардите на ЕУ. Велика Британија сака да се ослободи од прописите на ЕУ, за да може да потпише нови трговски договори ширум светот.