Претседателите на Русија и на Турција повикаа за прекин на огнот во Либија од 12 јануари на полноќ. Тоа го изјави денеска на брифинг турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу по средба во рускиот минстер за надворешни работи Сергеј Лавров.

– Претседателите Ердоган и Путин повикаа за прекин на огнот во Либија што треба да стапи на сила на полноќ на 12 јануари, изјави турскиоит шеф на дипломатијата.

-Во разговорите на проширената средба меѓу двете делегации Реџеп Тајип Ердоган и Владимир Путин разговараа и за билатерални прашања и регионални теми. Беа разменети мислења за прекин на огнот во Идлиб за тензиите меѓу Иран и САД, за состојбата во Либија и во Ирак, нагласи Чавушоглу.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/01/2020 22:30