Австралиските војници и персонал ќе останат во Ирак за да ја продолжат мисијата. Тоа го изјави австралискиот премиер Скот Морисон.

Тој додаде дека австралиски военопоморски брод ќе плови како што е планирано низ Ормускиот теснец оваа недела за да помогне со заштитата на бродовите во таа зона.

Државниот совет за безбедност денеска ќе одржи средба во Канбера за да разговара за ситуацијата.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/01/2020 10:01