Единаесет лица се здобиле со лесни телесни повреди во седум од вкупно 10 сообраќајни незгоди што се случилие изминатото деноноќие на подрачјето на Град Скопје.

Во три сообраќајни незгоди е причинета материјална штета.

Од сообраќај, според податоците на СВР Скопје, полицијата исклучила двајца возачи пред да се стекнат со право на управување на моторно возило.

Со специјалното возило „пајак“ подигнати се 48 возила.

Казнети се и пет пешаци кои поминале коловоз вон пешачки премин, пет пешаци кои поминале колвоз на црвено светло и еден за не правилно престигнување.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/01/2020 11:04