Британскиот премиер Борис Џонсон е „еден од најхрабрите европски политичари“, а ЕУ треба да се стреми кон силни стратешки односи со Британија откако земјата ќе го напушти блокот, изјави денеска унгарскиот премиер Виктор Орбан.

– Верувам дека со Британија е потребна стратешка соработка во следниот период кога таа веќе нема да биде членка на ЕУ. Борис Џонсон го сметам за еден од најхрабрите европски политичари, истакна Орбан на прес-конференција.

Унгарскиот премиер додаде дека „целиот свет бил против Џонсон“, но тој сепак победи на декемвриските избори.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/01/2020 15:34