Регионалниот центар за гранични работи „Југ“ поднесе кривична пријава против К.E. (33), државјанин на СР Германија и Р.A.(30), државјанин на Италија, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“.

Како што соопшти МВР, на 5 јануари 2020 година на граничниот премин „Богородица“ од слобода е лишен К.E. зашто во патничко возило „фолксваген“, со германска национални ознаки, превезувал три лица од Гана, кои при пасошка контрола приложиле туѓи патни исправи, односно патни исправи сопственост на лица од Шведска, Германија и Холандија, за кои подоцна било утврдени дека биле украдени во 2019 година.

Во врска со настанот, подоцна била приведена и Р.А.. Од Судија на претходна постапка од Основен суд Скопје 1 на пријавените им е изречена мерка притвор во траење од 30 дена.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/01/2020 18:17