Триесет и едногодишна тиквешанка се затрула со апчиња, потврдија од МВР.

-Синоќа во 20:37 часот во СВР Велес е пријавено дека во Општа болница Кавадарци е донесено затруено женско лице кое испило повеќе таблети. Полициски службеници од ОВР Кавадарци по извршени активности констатирале дека станува збор за 31-годишна жителка на тиквешко село, која се затрула со испивање на повеќе таблети во нејзиниот дом, појаснуваат од МВР.

За случајот е известен јавен обвинител.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/01/2020 12:20