Во пожар што попладнево се случил во населбата Шуто Оризари загинале две деца на возраст од три години и година и половина.
Според информациите од Противпожарната единица, децата биле во куќата во моментот кога плафонот од собите паднал и се урнал врз нив.
Од Противпожарната единица информираат дека пожарот бил пријавен околу 13:25 часот на улицата „Брсјачка буна“. Интервенирале околу 15 пожарникари со неколку возила.
Полицијата се уште се наоѓа на местото на пожарот каде што се врши увид.