Шпанија е последниот полуфиналист на АТП Купот. Во решавачкиот дуел во парови, Пабло Карењо Буста и Рафаел Надал го победија тандемот од Белгија – Сандер Жил и Јоран Влиген со 6:7 (7), 7:5, 10:7 по нешто повеќе од два часа игра.
Претходно, двата тима си разменија по една победа, а посебно впечатлива беше таа на Давид Гофен над Рафа Надал со 6:4, 7:6 (3). Во круцијалниот натпревар, интрига имаше до последен момент, но на крајот, среќата беше на страната на шампионите во Дејвис купот.
Утре Шпанците ќе се соочат со домаќините од Австралија, а во следниот натпревар силите ќе ги измерат Србија и Русија.