Едно лице го загуби животот во пожар во станбена зграда на ,,бул. „ЈНА“ во Штип.

Командирот на Територијалната противпожарна единица – Штип, Тони Атанасов за МИА вели дека пожарот е пријавен во 10 часот и 30 минути од соседи по што веднаш е интервенирано со осум пожарникари и две противпожарни возила.

Кога стигнале пожарникарите забележале дека мажот веќе бил починат во собата каде што бил пожарот и веднаш го локализирале, со што не дозволиле тој да се шири во другите простории и низ станбената зграда.

Портпаролот на СВР Штип, Гордана Панајотова потврдува дека едно лице го загубило животот, меѓутоа повеќе детали полицијата ќе соопшти по извршување на увидот кој е во тек од страна на јавен обвинител и крим-техника.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/01/2020 17:42