Денес меѓу 14:00 и 14:30 часот во село Негорци во семејната куќа врз Ј.Т. од страна на непознат сторител е извршено кривично дело “Обид за силување”, информираа попладнево од СВР Струмица.

-По пријавувањето на настанот веднаш се преземени итни службени мерки и активности со координирање на сите служби на теренот, при што по еден час е пронајден сторителот и е лишен од слобода, стои во соопштението на струмичката полиција, од каде додаваат дека станува збор за лицето И.Н. од село Мелница, Велешко.

Лицето е задржано во просториите на ОВР Гевгелија и во координација со Основното јавно обвинителство ќе следува понатамошно постапување по пријавениот настан.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/01/2020 19:46