Фудбалерот на Манчестер сити, Давид Силва на денешниот дуел со Астон Вила ја забележа 90. асистенција во Премиер лигата и влезе во најдобрите седум асистенти.

Силва му асистираше на Серхио Агуеро за голот во 57. минута.

Пред Силва според овој индикатор се: Рајан Гигс (172 асистенции), Цеск Фабрегас (111), Вејн Руни (103), Френк Лампард (102), Денис Бергкамп (94) и Стивен Џерард (92).



Автор: Администратор
Објавено на: 12/01/2020 20:51