Пилотот на Ферари, Шарл Леклер изјави дека несреќата со неговиот тимски колега Себастијан Фетел е лекција за двајцата и вети дека тоа нема да се случи повторно. Инцидентот се случи за време на трката во Бразил минатата година кога двајцата се судрија и испаднаа од трката.
– Ние сакаме да победуваме, ние сме исклучително посветени и понекогаш имаме и одредени тензии на пистата. Но, и двајцата сме доволно зрели да знаеме дека на патеката е едно, а надвор е сосема друфо, и тогаш сме различни луѓе. Најважно е дека работиме добро заедно, особено надвор од патеката, помагајќи да се развие автомобилот. Покрај тоа, ние веќе сме внимателни да не ги преминуваме границите кога сме на патеката, како што се случи во Бразил. Тоа беше добра лекција и за нас, така нема да се случи повторно, вели Леклер.
Дваесет и две-годишниот пилот призна дека имало моменти кога Фетел не се сложувал во одредени ситуации. Според него, сепак, не е добра идеја да се зборува веднаш по некој инцидент – подобро е прво емоциите да поминат, а потоа да се направат соодветни анализи.