18-тиот во Премиер лигата – Астон Вила може да се пофали дека привлекле Светски шампион со Шпанија – Пепе Реина.

Голманот е на позајмица 6 месеци од Милан, откако репрезентативецот на Англија, Том Хитон ќе биде аут од терените за остатокот од сезоната, поради повреда на коленото на 1 јануари во победата од 2-1 на гостувањето кај Барнли. 37-годишниот Шпанец се враќа во елитата на Англија, откако мина осум години во Ливерпул помеѓу 2005 и 2013 година.

– Успеавме да привлечеме играч како Пепе, кој има големо искуство во Премиер лигата. Минатото лето, баравме искусен голман и го одведовме Том Хитон. За жал, неговата повреда го остави аут од терените до крајот на сезоната, но Пепе не ги покри само нашите барања не само заради неговото искуство, но и поради неговите лидерски квалитети, изјави менаџерот на тимот од Бирмингем, Дин Смит.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/01/2020 23:23