Режисерот Спајк Ли (62) изјави дека е „шокиран, среќен и истовремено горд“ од поканата на филмскиот фестивал во Кан годинава тој да претседава со жирито, пишуваат француските медиуми.

Ли има силна врска со фестивалот бидејќи режисерот во текот на изминатите години во Кан имаше премиера на седум свои филмови.

Изборот на Спајк Ли доаѓа еден ден по бранот критики за номинацијата за Оскарите поради „игнорирањето на работата“ на режисерите и актерите од малцинските групи во САД.

Се очекува на годинешното издание на фестивалот во Кан Спајк Ли да биде награден со Златна палма за целото свое творештво.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/01/2020 11:41