Против еден државјанин од Германија и друг од Италија, и двајцата со потекло од Република Гана, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција до Основниот кривичен суд – Скопје, поднесе обвинител акт дека сториле кривично дело Криумчарење на мигранти. Во соопштението на Јавно обвинителство, се вели дека тие од користољубие заедно, по претходен договор илегално пренеле мигранти преку нашата државна граница.

-На 5 јануари годинава, обвинетите со намера илегално да пренесат тројца мигранти се упатиле со патничко моторно возило со германски регистарски таблички во Грција. За непречено поминување, за мигрантите обезбедиле јавни исправи – лични карти од Европска Унија и им ги дале на рака. На граничниот премин „Богородица“ при контрола од страна на полициски службеник мигрантите се легитимирале со холандска, шведска и германска лична карта. Тројцата мигранти кои исто така потекнуваат од Гана, платиле вкупно 500 евра за патни трошоци, а според договорот остатокот од по 1.000 евра од лице требало да го исплатат по пристигнување на крајната дестинација – Австрија, се вели во соопштението на Јавното обвинителство.

Освен обвинителниот акт, до Судот против обвинетите е доставен е предлог за продолжување на мерката притвор за двајцата обвинети.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/01/2020 11:51