Наредниот глумец во улогата на Џејмс Бонд може да биде „од која било боја“, но сигурно нема да е жена. Ова за списанието „Варајети“ го потврди Барбара Броколи, која заедно со Мајкл Вилсон со години ги продуцираат „007“ филмовите.

– За жените, верувам, треба да создадеме нови ликови – силни, женски ликови. Не сум баш заинтересирана да земеме машки лик и да го претвориме во женско. Мислам дека жените се многу поинтересни од тоа, изјави Броколи.

„Не е време да се умре“ (No Time to Die), чие прикажување е закажано за април, е 25-от филм од серијалот за британскиот супершпион и последен со Даниел Крејг во главната улога.

Во минатото, глумиците Џилијан Андерсон, Анџелина Џоли, Емилија Кларк, Елизабет Бенкс и Емили Блант се поврзуваа како можни наследнички на Крејг.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/01/2020 11:23