Жител на Неготино вчера попладне физички нападнал момче кое било во љубовна врска со неговата внука, истакна денеска портпаролот во СВР Велес, Верољуб Додевски.

– Вчера околу 15 часот во Неготино на ул.„Мaршал Тито“, малолетничка и 19-годишно момче со кого била во љубовна врска, биле пресретнати од страна на нејзиниот 44-годишен вујко. Според пријавеното, вујкото со сила ја качил малолетната внука во својот автомобил и физички го нападнал момчето, бидејќи не ја одобрувал врската. Се работи на расчистување на случајот, појасни Додевски.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/01/2020 11:56