Писателот Стивен Кинг беше искритикуван на Твитер поради објава по објавувањето на номинациите за претстојните Оскари.

– Никогаш не ми била важна различноста во поглед на уметноста. Само квалитетот. Ми се чини, да се делува поинаку, би било погрешно, напиша Кинг на Твитер.

Некои следбеници не се согласија со неговиот став, па писателот се огласи со уште една објава.

– Најважното што можеме да го направиме како уметници и креативци, е да овозможиме сите да имаат фер шанса, без оглед на нивниот пол, боја или ориентација. Во овој миг, тие луѓе се слабо претставени, но не само во уметноста, дообјаснува Кинг.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/01/2020 13:31