На 16.01.2020 околу 03.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека пред трговски центар на бул.„8 Септември“ настанал пожар во патничко возило „мини купер“, со скопски регистарски ознаки, сопственост на С.Т.(51) од Скопје, а огнот зафатил и патничко возило „шевролет орландо“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Р.Ј.Р.(49) од Скопје.
Според информациите во медиумите, станува збор за возилата на пеачката Ребека Јанковска-Ристевска и водителката Сузана Турунџиева кои биле паркирани пред нивната зграда на паркинг во Тафталиџе.
Пожарот е изгаснат од Противпожарната единица од Скопје.
Извршен е увид и се преземаат мерки за расчистување на случајот.