Познатата холивудска актерка Џејми Ли Кертис на своите профили на Инстаграм и на Твитер објави дека „Медена земја“ е зачудудувачки филм.

– Колку совршен момент за овој филм. „Медена земја“ е зачудудувачки. Алчност. Ненаситност. Семејство. Љубов. Чест. Природа. Истрајност. Воодушевена сум, објави Ли Кертис.

„Медена земја“ годинава е номиниран за два оскари и тоа во категориите „најдобар документарен филм“ и „најдобар странски филм“.

Петте номинирани филмови за најдобар документарец покрај „Медена земја“, се и „Американска фабрика“, „Пештерата“, „Доба на демократија“ и „За Сама“.

За најдобар странски филм, покрај покрај нашиот, номинирани се и „Корпус кристи“ од Полска, „Клетници“ од Франција, „Болка и слава“ од Шпанија и „Паразит“ од Јужна Кореја.

Церемонијата на 92-то доделување на оскарите ќе се одржи на 9 февруари во Лос Анџелес.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/01/2020 15:22