Французинката Клара Дирез ја оствари својата прва победа во Светскиот куп во алпско скијање, откако триумфираше во паралелниот велеслалом во италијанското одморалиште Сестриере.
Во финалето, Дирез заврши со 0,22 секунди пред Австријката Елиза Мерцингер. За двете, ова е прв подиум во трка од сличен ранг. Третото место и припадна на Марта Басино, која заврши пред Федерика Брињоне во комплетно италијански судир. Друга Италијанка, Софија Гоџа, го зазема петтото место, надминувајќи ја Кристин Лисдал со 37 стотинки.
Самото натпреварување понуди низа изненадувања бидејќи некои од главните фаворити, како што се Петра Влхова, Алис Робинсон и Микаела Шифрин, беа елиминирани уште пред полуфиналето. Американката беше елиминирана во полуфиналето од Дирез.
Во генералниот пласман за Светскиот куп, Шифрин има 975 бода, втора е Словачката Петра Влхова со 726, додека Брињоне е со 715. Следниот старт за Светскиот куп во женска конкуренција ќе се одржи на 24, 25 и 26 јануари во Банско.