Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон изјави дека не размислува за неговата возраст и се чувствува подобро од кога било. Хамилтон е еден од најстарите учесници во Формула 1, од него е постар само Кими Раиконен.

– Претпоставувам дека треба да започнам со плаќање на Кими за да продолжи и да можам да зборувам дека не сум. За среќа, тој ќе продолжи да се трка. Во принцип, не се чувствувам стар, напротив, се чувствувам помладо од кога било, јас сум во одлична форма. Едноставно станува полесно со текот на искуството. Не мислам дека со возраста ми станува потешко да одржувам оптимална форма, иако сум сигурен дека во одреден момент овој фактор неизбежно ќе се манифестира, изјави Хамилтон.

Актуелниот светски шампион смета дека за да ја одбрани титулата ќе му треба уште понапорна работа.

– Сите овие млади момци стануваат се повеќе бесни. За да се остане на врвот ќе треба да работам двојно понапорно од минатата сезона, вели Хамилтон.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/01/2020 14:59