Фудалерот на Шалке 04, Набил Бенталеб во наредните шест месеци ќе игра на позајмица во Њукасл, соопшти премиерлигашот кој ќе има можност и за откуп на неговиот договор по завршување на сезоната.
„Среќен сум што се враќам во Премиер лигата, особено во клуб каков што е Њукасл. Интересен проект е. Тренерот има доверба во мене што веднаш го забележав. Мислам дека ова е совршен потег за мене“, рече 25 годишниот алжирски фудбалер.
Бенталеб од 2013 година до 2017 година настапуваше за Тотенхем, со тоа што во сезоната 2016/17 ја мина на позајмица во Шалке по што потпиша четиригодишен договор со бундеслигашот.
За екипата од Гелзенкирхен постигна 19 гола во 97 меча, а од март лани беше префрлен во вториот тим од дисциплински причини.