Во Трговскиот центар во Кочани денеска околу пладне се самозапали маж на 40-годишна возраст.

Според информации од очевидци, лицето се полеало со бензин по што извадило запалка и се запалило. Минувачи и граѓани веднаш се обиделе да му помогнат и да го изгаснат пламенот, употребувајќи противпожарни апарати од соседните дуќани.

Повикани биле и екипи од Територијалната противпожарна единица и од Итната медицинска помош, по што лицето е однесено во Општата болница во Кочани.

Од Болницата потврдија дека повредениот се здобил со тешки изгореници и поради сериозноста на здравствената состојба итно е префрлен на клиниките во Скопје.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/01/2020 14:04