Одделението за внатрешни работи во Кичево приведе 17-годишен малолетник од кичевското село Зајас.

Кај него, полициските службеници, при преглед извршен на улица „11 Октомври“ во Кичево, пронашле и одзеле 14 ќесички со марихуана. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, вели Стефан Димоски портпаролот на СВР- Охрид.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/01/2020 14:37