За период од месец и неколку дена 20-годишно лице во Шуто Оризари, извршил шест тешки кражби. Како се вели во соопштениево на Основното јавно Обвинителство Скопје, пет кражби осомничениот ги извршил со кршење или провалување. Додека едно кривично дело го извршил на дрзок начин.
-Осомничениот 20-годишник делата ги извршил во периодот од 29.11.2019 до 06.02.2020 година. Притоа, провалувајќи во четири куќи и во еден маркет во Шуто Оризари одзел вредни предмети: мобилен телефон, телевизор, два персиски теписи, цигари и алати. Еден мобилен телефон вреден 45.000 денари одзел и при џепна кражба, исто така во Шуто Оризари”, информираат од скопското Обвинителство.
Меѓу другото во соопштениево се вели дека се работи за лице кое и претходно е осудуван за исти кривични дела. Заради овие причини и со оглед околностите дека осомничениот би можел да се крие или да се даде во бегство, надлежниот јавен обвинител на Судот му предложи да определи мерка притвор за осомниченото лице.