Од утре и ловџии ќе се вклучат во потрагата по исчезнатата Марија Брзакова од село Босилово од која веќе една седмица нема ниту трага, ниту глас.

Веста за вклучувањето на ловџиите ја потврди портпаролката на СВР-Струмица, Хризантема Рендевска, која истакна дека потрагата се организира во соработка со МВР и при тоа апелира сите заинтересирани ловџии да дојдат утре во 8 часот пред зградата на Општина Босилово.

Дваесет и осумгодишната Марија Брзакова е исчезната од утринските часови на 18-ти овој месец. Била облечена во тренерки во темна боја, на нозете имала патики или влечки, со себе не носела ташна, мобилен или било каков документ. Висока е околу 160 сантиметри, средна градба, со долга костенлива коса. Исчезнување во полицијата го пријавил нејзиниот сопруг.

Изминативе денови полицијата интезивно трага по неа со пребарување на теренот, а во потрагата се вклучени и кучиња трагачи.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/01/2020 16:28