СВР Тетово поднесе кривична пријава против И.Н.(26) од с.Боговиње, тетовско, поради постоење основи на сомение за сторено кривично дело „измама’’.

На 04.12.2019 во Гостивар, Д.З.(40) од с.Лажани, прилепско, по претходен договор, откупил возило од пријавениот. На 06.12.2019 во угостителски објект во Тетово се сретнале за да направат купопродажен договор, по што пријавениот му ги оставил сообраќајната дозвола и личната карта и со возилото заминал.

После тоа, Д.З. повеќе пати се обидел телефонски да стапи во контакт со пријавениот, но тој бил недостапен.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/01/2020 01:36