СВР Тетово поднесе кривична пријава против Д.И.(61) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „присвојување на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости“.
На ул.„Јордан Златановски“, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што пронашле и одзеле предмети за кои Министерството за култура на Р.С.Македонија – Управа за заштита на културно наследство Скопје до СВР Тетово доставило известување во кое се наведува дека предметите се со статус на археолошки предмет како вид на движно културно наследство.