Одбојкарот Ристо Николов од екипата на Џио Струмица и член на македонската одбојкарска репрезентација е избран за најдобар спортист на Струмица за минатата година.
За најдобар тренер е прогласен стратегот на фудбалерите на Академија Пандев, Југослав Тренчовски, а најдобра екипа е актуелниот одбојкарски шампион и освојувач на купот-екипата на Џио Струмица.
Изборот на спортист на Струмица го организира Општинскиот сојуз за училишен спорт, а под покровителство на општина Струмица.