Две лица се здобиле со тешки телесни повреди во сообраќајна несреќаа што се случила ноќеска околу четири часот на улицата „Браќа Миладинови“ во Виница.

– Во 04:40 часот било пријавено дека во Виница на улицата „Браќа Миладинови“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „алфа ромео“ со штипски регистарски ознаки, управувано од С.И.(26) од Штип, и патничко моторно возило “поло“ со кочански регистарски ознаки, управувано од В.С.(59) од Кочани. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле В.С. и сопатничка од возилото “алфа ромео“ Е.И.(23) од Штип, по што биле пренесени во комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. Со повреди се здобиле С.И. и останатите сопатници од истото возило А.С.(19), Д.М.(27) и 17 годишно лице, сите од Штип.“, соопштуваат од МВР.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/01/2020 17:17