Неготинецот кој завчера бил приведен и задржан во полиција поради повеќе кривични дела, а по него биле распишани и потерници, вчера по наредба од Основен суд Неготино, полициски службеници го спровеле до Казнено поправната установа затвор Гевгелија.

Оваа информација денеска за МИА ја потврдија од МВР.

-Неготинецот Д.К. на возраст од 32 години, бил приведен и задржан поради постоење основи на сомнение за сторени повеќе кривични дела, распишани потерници и објави, соопштија од МВР за МИА.

Со случајот бил запознат и јавен обвинител.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/01/2020 14:09