Роџер Федерер по 15 пат ќе игра во четврт-финале на Австралија опен. Во четвртиот настап во Мелбурн оваа година, тој со пресврт го совлада Унгарецот Мартин Фучович со 4:6, 6:1, 6:2, 6:2 за што му беа потребни два часа и 11 минути.

Швајцарецот го заврши мечот со 44 директни поени и 36 неизнудени грешки, за разлика од неговиот унгарски колега кој освои само 15 директни поени и 35 грешки.

За пласман во полуфиналето, Федерер ќе игра против Американецот Тенис Сандгрен кој во четвртото коло го елиминира 12. носител, Фабио Фоњини.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/01/2020 16:32