Хуан Мартин дел Потро ќе мора на нова операција на коленото, јавуваат светските медиуми. Од таа причина, аргентинскиот тенисер ги откажа настапите на турнирите на Њујорк опен и Делреј Бич во февруари. Дел Потро го одигра последниот меч лани во Квинс каде мораше да се предаде пред Фелисијано Лопез. Затоа во 2019 година настапи во само 12 натпревари, а како стојат работите, нема да се изнаигра и оваа сезона. Аргентинскиот тенисер имаше одлична сезона во 2018 година во која играше во финале на Ју-Ес опен, четврт-финале на Вимблдон, полуфинале на Ролан Гарос и во Мајами и триумфира во Индијан Велс и во Акапулко.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/01/2020 19:42