Ватерполо репрезентацијата на Србија го освои петтото место на Европското првенство во Будимпешта. Популарните „делфини“ попладнево го совладаа актуелниот светскиот шампион, Италија со 8:7. По два гола за селекцијата на северниот сосед постигнаа Милан Алексиќ и Филип Филиповиќ, најефикасен, пак, во базенот беше Италијанецот Ди Фулвио со три погодоци. За бронзениот медал на ЕП ќе играат Хрватска и Црна Гора, а големото финале ja носи пресметката меѓу Унгарија и Шпанија.