На 25.01.2020 во 21:38 часот во СВР Велес 24-годишен маж пријавил дека неговата малолетна 15-годишна сестра вонбрачно живее со лицето Б.Ѓ.(23) од с.Камен Дол.
По превземени мерки, малолетничката била донесена во Полициската станица Кавадарци и во присуство на родител бил извршен разговор. Б.Ѓ. бил лишен од слобода поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “вонбрачен живот со малолетно лице“.
Се работи на расчистување на случајот.