На 25.01.2020 во 08:50 часот во Полициската станица Аеродром од Итна медицинска помош било пријавено дека на булеварот “АСНОМ“ во стан имало починато лице Т.К.(41).
Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.
По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено за обдукција.