Поранешната прва светска тенисерка, Гарбине Мугуруза избори пласман во четвртото коло на Австралија опен. Таа рано утрово ја совлада десеттата фаворитка на турнирот, Кики Бертенс со 6:3 и 6:3.

За 26-годишната Шпанка ова е прво четвртфинале на еден Грен слем турнир, за прв пат по Ролан Гарос 2018.

Мугуруза во низа победи на две од најдобрите 10 светски тенисерки. Во претходното коло ја совлада Елина Свитолина која важеше за петта носителка во Мелбурн.

Следна ривалка на шпанската тенисерка ќе биде подобрата од мечот Анџелика Кербер – Анастасија Павличенкова.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/01/2020 11:24