Струмичанец додека бил на лов заедно со други лица, вчера бил погоден од ловен патрон во пределот на градите при што се здобил со тешки телесни повреди.

МВР соопшти дека вчера во Полициската станица Струмица било пријавено дека настанот се случил во 8:00 часот на место викано „Чепели“, атар на село Раборци, струмичко, а погоден бил Н.Н.(64) од Струмица.

Според пријавеното, патронот бил испукан од М.Ш.(69), со кого биле заедно во лов, но го погодил Н.Н., кој се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Увид на местото извршиле Јавен обвинител и увидна екипа на СВР Струмица.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/01/2020 14:27