На магистралниот пат Штип – Делчево, во атар на село Облешево, вчера во 17:55 часот, патничко возило „пежо 206“, со кочански регистарски ознаки, управувано од Д.К.(37) од село Чифлик, излетало од коловозот.

Во незгодата, како што соопшти МВР, со тешки телесни повреди се здобил возачот, по што бил пренесен во ЈЗУ Кочани за укажување лекарска помош.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Кочани.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/01/2020 15:12