Првиот светски рекет Рафаел Надал кој е и прв фаворит на Грен слемот Австралија опен, во четвртфиналето ќе игра со петтиот носител Доминик Тим од Австрија.

Вториот носител Новак Ѓоковиќ (Србија) за место во полуфиналето ќе игра со Милош Раониќ од Канада.

Швајцарецот Роџер Федерер (трет носител) во четвртфиналето ќе се сретне со Тенис Сандгрен од САД.

Последната четвртфинална двојка ја сочинуваат Стан Вавринка Швајцарија (15. носител) и Александер Зверев од Германија (7. носител).

Вкупниот награден фонд на турнирот во Мелбурн изнесува 49 милиони долари.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/01/2020 15:54